Паскали спаси скап мобилен на турист паднат во Охридското езеро

 

Нуркачот Никола Паскали бил повикан да помогне откако на гостин во Охрид му паднал скап мобилен телефон во езерото.

 

Ново видео на нуркачот Никола Паскали од барање на телефон во Охридското Езеро.

 

Потрагата по телефонот завршила успешно.
Паскали на сите граѓани им ги честита Велигденските празници со неговата редовна еколошка порака:

-Низ крајбрежните делови има традиција велигденското јајце да се фрли во вода, за здравје, бериќет и плодна година. Пример некои го закопуваат во бавча.

Има прикаски од постарите кои живееле покрај езеро, кога ќе фaтело големо невреме, јак југ, го фрлале во езеро велигденското јајцето кои стои на икона. 

ДА ГО ЧУВАМЕ ЕЗЕРОТО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ГОЛЕМ БЛАГОДЕТ Е ОВА ЕЗЕРО!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани