Педесеттина вреќи отпад собрани од полигонот во Охрид

Педесеттина вреќи полни со  ѓубре вчера  беа собрани на „Полигонот“ во Охрид во заедничката акција на Чист Охрид и Културолошката иницијатива „5 до 12“.


Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец.

-„Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која Чист Охрид веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад.Сметаме дека е недозволиво да имаме депонија во срцето на градот, и истовремено бараме активирање на комуналните инспектори, како и поголема грижа за јавните простори од страна на граѓаните.За она што сите го заслужуваме, а тоа е чист град“, пишуваат активистите.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани