По два дена деноноќна „битка“ со огнената стихија, конечно пожарот во Опеница и Косел е ставен под контрола.
Пожарот беснееше два дена кај месноста викана „Јасика“, каде гореше борова шума.
.jpg)
Со натчовечки напори охридските пожарникари помогнати со авионите канадери вчера доцна попладне успеашно го локализираа пожарот.
.jpg)
На лице место со пожарникрите беше и охридскиот градоначалник Константин Георгиески, кој се зпаозна со состојбите одблизу и го повика и координираше кризниот штаб.
.jpg)
-„Пожарникарите на Противпожарната станица од Охрид постојано се на терен и се борат со шумскиот пожар кој избувна вчера во близина на селата Опеница и Косел.Со цел да се утврдат понатамошните координирани чекори за посоодветно справување со огнената стихија, претпладнево заседаваше и Кризниот штаб на општина Охрид.
Освен теренските активности за гаснење на пожарот во кои се вклучени и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, започнаа да делуваат и авионите за гаснење на пожари, кои ќе помогнат во целокупната акција.Голема благодарност до охридските пожарникари, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и ЈП Национални шуми за целокупниот ангажман, во рамки на акцијата за гаснење на шумскиот пожар, во потегот на селата Косел и Опеница“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Константин Георгиески.
