Пендаровски прогласи вонредна состојба во земјава

Претседателот на државата Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба.

На барање на Владата Пендаровски на вонредна прес конференција попладнево соопшти дека е прогласена вонредна состојба на целата територија на државата. 

Пендаровски апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита. Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата против коронавирусот. 

 

Апелира до сите да бидат смирени , солидарни , за да може да ја пребродиме оваа тешка ситуација. 

Вонредната состојба беше  прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски истакна дека вонредна состојба е една од најтешките кои ги донела владата, но и дека е нужна одлука која не ја посакувале.

„Апелирам до граѓаните на трезвеност и смиреност. И залихи на храна и залихи на горива и се што е потребно постои. За мерките кои ќе бидат ограничувања, дополнително ќе соопштиме. Редовно ќе информираме се што ќе носиме како одлука и кои ограничувања ќе ги даваме. Сите институции многу поефикасно ќе може да се вклучат. Ова не значи веднаш да ги преполнуваме маркетите и да купуваме, залихи има и во маркетите и државата, транспортот се одвива непречено. Сето тоа ќе го обезбедиме како држава, апелирам само да се почитуваат мерките на владата“, рече Спасовски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани