Петмина вработени во МВР позитивни на Ковид 19

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук профил објави дека во Министерството за внатрешни работи има петмина вработени со потврди резултати дека се позитивни на коронавирусот.

Тој додава дека постои можна опасност и во полициската станица „Петровец“ и повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.

„Вирусот Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи Потврдено е дека имаме петмина вработени во полицијата, а во полициската станица “Петровец” постои можна опасност!
Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација“, напиша Нухиу на својот фејсбук профил.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани