Вирусот А Х1Н1, познат како свински грип повторно се врати во Македонија.
По неколкугодишна пауза, минатата недела лабораториски е потврден кај пет случаи, објави Сител ТВ. Меѓу нив има и пациенти кои на клиниките ги хоспитализирале од една болест но се заразиле и со свинскиот грип. Епидемиолозите предупредуваат дека состојбата може да стане загрижувачка бидејќи од компликации од овој вирус во 2009 година во земјата имаше над 30 смртни случаи.
Епидемиолозите очекуваат бројот на заболени со грип да расте, а не ја исклучуваат и можноста за потешки случаи со компликации.
Грип од типот А бил потврден и кај две дечиња кои биле на лекување во болницата во Козле. Педијатрите апелираат сите сомнителни случаи да одат прво кај матичните или во дежурните пунктови за да нема ширење на заразата кај лежечките пациенти.
