Една недела до почетокот на овогодинешното јубилејно петто издание на меѓународниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид ќе се одржи од 13-17 јуни 2018.
Отворањето на фестивалот на 13.06.2018 ќе го означи настапот на актерската група на Црвен крст Охрид со изведба на претставата „ВО ФИОКА“, а во наредните денови на сцената во предворјето на црквата Св.Софија и НУЦК „Григор Прличев“ љубителите на театарот ќе можат да уживаат во оригиналните и креативни театарски претстави во изведба на актерските групи од Црвен крст Бар, Црвен крст Суботица, Црвен крст Крагуевац, Црвен крст Битола, Црвен крст Ужице и ОСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.
Повеќе детали за театарските претстави и програмата на фестивалот ќе бидат презентирани во текот на нредните денови.
