Пијани возачи има по патиштата

Во полициската акција, на пијаните возачи, одземени им се возачките.

На 20 и 21 јули Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид во Охрид и Струга реализираше акциска сообраќајна контрола насочена кон лица што управуваат патнички возила под дејство на алкохол.
Притоа, кај 24 возачи (19 во Охрид и 5 во Струга) било утврдено присуство на алкохол во крвта поради што се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и поднесени се барања за поведување прекршочна постапка, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани