Во играта биле тројца, тие заработиле кривична.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Љ.Т.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање на кредит или друга погодност“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“, против С.М.(53) од село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршелство“ во врска со „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и „фалсификување исправа“ и против Ќ.П.(64) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во текот на 2016, првопријавениот изготвил фиктивен купопродажен договор за патничко возило „Ауди А4“, увезено од Австрија, по што противправно набавил оригинално уверение за повратник на име И.Ј. и му ги предал на второпријавениот С.М., кој во јули 2016 година, фалсификуваната документација ја дал на третопријавената Ќ.П. за да ја употреби во правниот сообраќај.
– По ова, на 30.06.2016, третопријавената ваквата документација ја употребила во постапките за идентификација и регистрација на возилото на свое име, односно ја приложила во центар за возила во Скопје, Биро за метрологија во Скопје и во управните служби во Струга, по што на 26.07.2016 година била извршена регистрација на возилото, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
