Викендов, за време на триатлонот, на сила е посебен сообраќаен режим.
Иван Цветкоски од Асоцијацијата на спортови упати апел до сите Охриѓани, денес и утре да ги почитуваат правилата за времен сообраќај на патниот правец кон Св. Наум со цел да има високо ниво на безбедност како за учесниците на натпреварите така и за сите учесници во сообраќајот.
– На ден 15 и 16 септември ( сабота и недела ) на меѓународниот пат Охрид – Св Наум во должина од кружниот пресек на Булевар „Туристича“ со улица „АСНОМ“ до кружниот тек кај Инекс Горица (тениски терени) ќе има времен режим на сообраќајот и тоа од: сабота 07:30 – 17:00 часот и недела од 07:30 – 15:00 часот. Во горенаведеното време наведениот дел од патот Охрид – Св. Наум ќе биде затворен за сообраќај и ќе биде пренасочен на патот Св. Наум – Охрид на истата должина со тоа што во тој период ќе се дозволи двонасочно движење на возилата. Ги замолуваме сите ученици во сообраќајот да имаат разбирање поради времениот сообраќаен режим и да се придржуват кон насоките за регулирање на сообраќајот пред се поради нивната безбедност – подвлече Цветкоски .
