Почнува 7 от Филм Бич Фестивал во Охрид

Вечерва, од 20,30 часот, во Охрид, започнува традиципоналната, мегународна, летна манифестација, седмиот по ред, “БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ најавен од организаторите како смотра на новиот европски филм.
Фестивалот и оваа година, нуди богата филмска програма чии проекции ќе бидат на четири атрактивни, амбиенгтални локации.
Свечениот чин на отворањето е закажан за 20,30 на охридското крајбрежје – “Плажа Славија”, каде ќе биде и затворањето на 21 јули и каде ќе се одржува проекцијата на филмови од натпреварувачка програма.
Годинешното издание започнува со проекција на филмот „Живи и здрави“ (Forever hold your peace) кој доага директно од 71. Пуски филмски фестивал, прикажан минатата саботата, во рамките на натпреварувачката програма – часотМалцинска копродукција.
За учесниците – режисери и актери, како и за публиката, посебна атракција се трите проекции, исто така од натпреварувачка програма, на бродот „Армада“, на водите од Охридското Езеро.
Во старото градско јадро, на локацијата на “Плажа -Сараиште”, ќе се одржуваат проекциите на филмови за деца , студентски филмови и кусометражни филмови од официјалната селекција.
За на истиот простор се закажани и ) и едукативните работилници на Младински културен центар.
о главната програма, ќе бидат прикажани уште шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.
На затворање на фестивалот во недела (21.јули) ќе биде прикажан (по традиција) македонскиот филм „Те дуа, жими мене“.
Покрај главната програма, на фестивалот, ќе бидат прикажани и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и дела од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов.
За музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.
Четиричленото жири кое ќе ги определи наградата „Голем бран“ – за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ – за најдобро актерско остварување се состои од: Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт).
Тричленото жири, кое ќе ја определи наградата „Мал бран“ – за најдобар краткометражен филм, го сочинуваат: Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани