Почнува меѓународниот фестивал „Фолклорен мост“ во Струга

Со свечено дефиле низ струшките улици вечерва на  платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга започнува меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“.

 

Преку песни и игри, ќе  бидат презентирани фолклорните традициии и културните особености на учесниците од сите  земји.

На годинашното издание на фестивалот ќе учествуваат фолклористи од Македонија и од повеќе земји од Балканот.

Манифестацијата финансиски е поддржана од Министерството за култура. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани