По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат на онлајн настава за да го продолжат второто полугодие.
Министерството за образование ги извести училиштата дека наставниот процес ќе продолжи со почитување на протоколите против пандемијата.
Наставата не започна за матурантите кои најавија бојкот на почетокот на второто полугодие. Според Унијата на средношколци, одлуката за бојкот дошла откако Министерството за образование и Државниот испитен центар не соработувале со нив во врска со измената на наставниот материјал за тестот на државната матура. Средношколците бараат министерството да го намали бројот на предмети за државната матура, односно од четири предмети, матурантите предлагаат да имаат само два.
