Подготвен теренот за модуларна болница во Охрид.
Граѓанитете на Охрид добиваат нова модуларна болница за третман на КОВИД19 со капацитет од 40 легла и целосна медицинска опрема. Ова ќе значи поефикасна и навремена борба со пандемијата за сите граѓани. Општина Охрид го сработе својот дел од подготовките за изградба на оваа модуларна болница. Просторот беше расчистен, асфалтиран е приодот а по поставувањето на болницата истата ќе биде приклучена на електричната мрежа и ќе биде обезбеден соодветен довод и одвод, информира градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.