Видео обраќање на премиерот: „Празнувај одговорно“

Празнувај одговорно – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи, побара премиерот Зоран Заев во видеообраќање до граѓаните во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

 

„Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје“,вели Заев.
Со одговорно празнување, потенцира Заев, ќе ја изразиме поддршката и почита кон лекарите, кон полицијата и армијата – сите оние кои се во првите редови во борбата со коронавирусот.

„Да си посакаме здравје, но пред сè да придонесеме со нашето однесување кон здравје. Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските“,вели премиерот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани