Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.
,,Ние сме она што јадеме…..телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана”….
Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.
Оваа недела Ви откриваме рецепт за детокс вода за тенка половина. Овој здрав напиток помага во намалување на стомакот.
Потребни состојки:
-гранчиња свежо нане
– лимон
– портокал
– свеж ѓумбир
– краставица
Подготовка:
Лимонот и портокалот се сечат на сочни кругови, исто така и ѓумбирот и краставичката ( од неа околу 7-8 кругчиња се доволни). И се редат во стаклен бокал, прво портокалот па гранчињата ментол, па лимонот краставицата и ѓумбирот.
Се прелива со 2 л ладна вода. Се остава да одстои неколку минути и после се пие.Во текот на денот треба да ги испиете тие два литри вода а ако сакате може и да си дополнувате вода. Состојките се користат само еден ден.
Една седмица треба секој ден да се пие оваа вода минимум 2литри дневно. И потоа ќе ја почуствувате разликата. Свежината ќе ја почуствувате веднаш.
Кога сте малаксани и без енергија има еден начин како да знаете што може да ве освежи. Тоа е изгледот на она што ќе го конзумирате. Ако изгледа свежо ќе прави и вие да се чувствувате свежо.
Уживајте во овој напиток идеален за овие летни жештини
Фотографии: