Поевтини услуги на катастарот

Од 1 септември се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар што значи дека граѓаните кои од страна на катастарот се одбиени по кој било основ при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест, најавија надлежните. 

Директорот Тунџев рече дека се работи на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка.

– Ова значи дека во случај кога од Агенцијата за катастар на недвижности е одбиен предметот по кој бил основ, при повторното поднесување на истата таа пријава за тој предмет граѓаните нема да плаќаат никаков надомест, рече Тунџев. Тој најави намалување и во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастер, како и на надоместокот кој граѓаните го плаќаат при запишување на одредени права. Во однос на чинењето на имотниот лист, директорот Тунџев рече дека се уште се прават анализи за цената на чинење и очекува по извештајот од службите да се види како тоа ќе се одрази на финансиската конструкција на катастарот.

По направените анализи, како што најави, ќе излезат со информација дали ќе има намалување на цената на имотниот лист.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани