Полицајците од регионов добија донација

Донацијата е во маски, гелови и ракавици.

ИПА национална секција Македонија, во соработка со Интернационалната полициска асоцијација Регион Охрид, денеска, на Граничната полиција регион Запад и на СВР Охрид, им ја предадоа претходно обезбедената количина заштитни маски, антисептик гелови и заштитни ракавици за повеќекратна употреба наменета за полициските службеници од овој ИПА регион. Донацијата, до началниците на граничната полиција и на СВР Охрид, ја предадоа претседателот на ИПА Скопје Игно Стојков и Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид.
Донацијата од 310 заштитни маски, 120 антисептик гелови и 130 пара заштитни ракавици, е дистрибуирана до ИПА координаторите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар а преку нив до полициските службеници на терен, изјави претседателот Димоски.

ИПА работи и делува под мотото Servo per Amikeco (Служиме низ пријателство)

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани