Во текот на изминатото деноноќие (29/30.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, едно лице не ја почитувало забраната за движење (Кичево-1).
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 62 лица во изолација (Охрид-45, Струга-17). Од страна на полициски службеници извршени се 53 контроли врз лицата во изолација (Охрид-45, Струга-8).
Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 116 лица (Охрид-32, Струга-71, Кичево-6, Дебар-7). Врз овие лица, извршени се 66 контроли (Охрид-28, Струга-26, Кичево-5, Дебар-7). Полициските службеници извршија 23 контроли на угостителски и други објекти.