Од 6 мај ќе се наплаќа паркинг во Охрид

Со ублажувањето на мерките за движење на Владата на Северна Македонија, ЈП “Билјанини Извори” од 6 мај ќе продолжи со наплата на градскиот паркинг простор со кој стопанисува јавното претпријатие.

Согласно новите мерки работното време за наплата ќе биде од 08 до 18 часот.
Сите заинтересирани за месечна или годишна паркинг картичка ги повикуваме од понеделник 04. 05. 2020 година да се обратат во канцеларијата на ЈП “Билјанини Извори” трговски центар “Амам” на спрат од 08 до 18 часот.
Посебно би сакале да напомениме дека согласно мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19 јавното претпријатие обезбеди соодветна заштита за сите вработени на јавниот паркинг простор. Исто така им препорачуваме на сите наши идни корисници на јавниот градски простор да ги следат и почитуваат препораките, бидејќи пред се се работи за нивно и наше добро, информираат од ЈП „Билјанини извори“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани