Со тркалезна маса заврши проектот „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава“

Со дебата, денеска заврши  проектот „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост“, кој што изминативе пет месеци се спроведуваше  на територијата на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. 

 

Проектот го спроведуваа Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ и регионалната телевизија ТВМ од Охрид. Поради пандемијата тркалезната маса се одржа со мал број учесници кои ги почитуваа препораките. Носеа маски и држеа дистанца. 

Потребата од овој проект ја наложи  мноштвото на медиуми и информации, кои за жал неретко се лаги, шпекулации, манипулации и спинови.

-„Целта на овој проект беше да го натераме граѓанинот критички да размислува. Во мноштвото информации и медиуми да умее да ја избере вистинската . Да проверува,, да анализира и да ги избере вистинските извори на информации. Да умее да препознава лажни вести. За таа цел имавме обука на млади средношколци во ТВМ телевизија, кои своето знење ќе го пренесуваат.  Направиве 12 емисии на тема медиумска писменост. Анализиравме лажни вести со нашите соговорници. Се обидовме да ги опфатиме сите категории на граѓани. Веруваме дека со овој проект успеавме да ги поттикнеме граѓаните критички да размислуваат “, истакна новинарката Соња Рилковска ментор на проектот.

Од Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид како носители на проектот , велат токму бројните лаги и шпекулации во интернет медиумите и социјалните рмежи, биле главниот мотив да се изработи еден ваков проект.

 

-„Во свет во кој медиумите се сеприсутни, во кој информациите и медиумските содржини не преплавуваат преку телевизијата, печатот, радиото, интернет порталите, социјалните мрежи итн, граѓанинот се претвора во сунгер за впивање медиумски производи. Тој не само што не успева да се снајде во хаосот од информации, да препознае која е вистинита, објективна, целосна а која е манипулативна, туку не е свесен и за сопствената моќ дека може, градејќи критички сопствен став за настаните и случувањата и изразувајќи го истиот, да биде проактивен во општествените процеси. Граѓаните во голем број немаат вештини за пристап и активно (и креативно) користење на медиумите, посебно интернетот и другите дигитални комуникациски технологии“, вели Вахид Мемед претседател на „Инклузија“ и координатор на проектот.

Проектот „Гледај, читај, слушај и мисли со своја глава – Едукација за медиумска писменост“е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ од Метаморфозис и Евротинк поддржан од Европската унија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани