Полицијата има конкретни сознанија за убиството на Леку

МВР интензивно трага по убиецот на босот на струшкото подземје  Дилавер Бојку Леку.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврди дека истрагата е интензивна и дека имаат сознанија и сомнежи кои засега неможе да ги споделат со јавноста. 

-Истрагата е во тек се разгледуваат сите можни информации меѓутоа тоа се податоци кои неможеме да ги споделуваме со јавноста бидејки се работи за истрага. Имаме и  конкретни сознанија на кои што се работи на расчистување на овој случај. Имаме конкретни податоци кои неможе да ги спдоелуваме треба да разберете дека Законот за кривична постапка не дозволува и тоа нема да бид еистрага ако го правиме преку медиуми, вели Спасовски. 

Во јавноста на големо се зорува дека било нарачано убиство,поради крвна одазда,  кое и самиот Бојку го  предвидел. 

Дилавер Бојку Леку беше убиен на 14 август годинава, додека одмарал  на сопствената плажа во угостителскиот објект.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани