Вера, Љубов, Недеж, богослужи во Света Софија и Лагадин

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. септември 2017 година (сабота), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие)
Вечерта во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“ – Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба.

Во 18:30 во катедралната црква св.Софија – Охрид свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на МПЦ-ОА.

На 01. октомври 2017 година (недела), во катедралниот храм „Света Софија“- Охрид, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.

По традиција празникот посветен на трите маченички Вера, Љуобов и Надеж огослужба ќе има и во црквата во Лагадин. 

Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани