Во Охрид ќе се одбележи 50-годишнина од автокефалноста на МПЦ

Со свечена академија, што денеска во 18.30 ќе се одржи во Охрид,ќе биде одбележан јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква– Охридска архиепископија.

 

За утре од девет часот во „Света Софија“ по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ ќе се одржи света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.По тој повод, богослужба ќе има само во „Света Софија“ (едноцрквие).

Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ Светиот синод ја донесе на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ беше извршен со Светата архијерејска литургија одржана два дена подоцна во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид. На 12 ноември 2009 година Македонската православна црква во своето име додала- Охридска архиепископија, како директна наследничка на старата Охридска архиепископија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани