Полицијата казнува, носете заштитна маска

55 граѓани „заработиле“ пријава за неносење маска.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 55 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-15, Кичево-23, Дебар-04).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани