При пад од карпа, починал 64 годишен скопјанец.
Вчера во 13,10 часот во СВР-Охрид, пријавено е дека на место викано .„Лабино“, имал повредено лице од пад на брегот од Охридското езеро. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирана е смрт.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека „Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и констатирано било дека се работи за К.С.(64) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“.
