Полицијата со информација за смртта на младото момче

17 годишен малолетник од Охрид е донесен мртов во охридската болница.

Синоќа, во охридската болница мртво било донесено момче на 17 годишна возраст. Во врска со настанот, СВР Охрид испрати соопштение во кое се вели:  На 01.08.2018 година околу 23 часот и 30 минути, во Општата болница во Охрид, пренесено е починато лице. Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на 17 годишна возраст кое претходно се движел по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари. Во еден момент истиот паднал на улица а потоа е пренесен во Општата болница Охрид каде што е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани