Сообраќајки во Струга, настрадале дете и моторциклист

Во Струга и струшко Фериште, во сообраќајки настрадале пет годишно дете и моторциклист.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за две сообраќајки во Струга и селото Фериште, во кои биле повредени пешак-петгодишно дете и моторциклист. Тие биле удрени од автомобил. На 01.08.2018 година во 16,30 часот било пријавено дека во Струга на улицата “Боро Калајџиески“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,Форд Ескорд“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.Г.(55) од Струга, и моторцикл ,,Даелим“ со струшки регистерски таблици управуван од А.Б.(41) од Струга. Возачот на моторциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 18,40 часот било пријавено дека на локалниот пат во населбата Фериште-струшко патничко моторно возило ,,БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од с.Радолишта-струшко, удрило во пешак на возраст од пет години од с.Д.Белица-струшко. Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струга, по што било префрлено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Портпаролот Димоски, апелира на внимателно управување со автомобилите и почитување на сообраќајните правила.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани