Нова тура рибарски мрежи паднаа во рацете на полицијата.
Синоќа во времето од 19,30 до 23,00 часот при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, на плажа Елешец на околу 300 метри од брегот на езерото, полициски службеници пронашле рибарски мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
