Тешка сообраќајка се случи на патот Струга Дебар. Во судирот помеѓу две возила со тешки повреди во болница заврши 37 годишен жител на Ново село.
-„На 27.12.2018 година во 02,50 часот, на регионалниот пат Струга – Дебар, кај крстосницата за село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(37) од село Ново село, струшко, и патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од село Велешта. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И. на кој му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот“, информираат од МВР: