Во Охрид запленети 7 500 петарди.
На 26.12.2018 година, при извршен претрес во домот на А.С.(31) на улица „Ристо Чадо“ во Охрид, пронајдени и одземени се околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства. Меѓу нив има пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против А.С. ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
