Полицајците „уловиле“ еден пијан моторџија и повеќе без кацига.
Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот во однос на прекршоци кои ги прават возачи на мотоцикли.
– Притоа, било констатирано дека 03 возачи управувале мотор без возачка дозвола (Охрид-01, Струга-01 и Дебар 01), а 17 возачи на мотор не носеле заштитен шлем (Охрид-05, Струга 06, Кичево-03 и Дебар-03. Еден возач во Струга, управувал мотор под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај. По овие одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 14 прекршочни платни налози (Охрид-05, Струга-02, Кичево-03 и Дебар-о4), изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, додаде портпаролот Димоски.