Велештанец сакал да прикрие голема тепачка

По масовната тепачка, велештанецот ја сокрил безбедносната камера.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против следниве 11 лица: Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16 годишно лице, сите од струшкото село Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од селото Велешта. Пријавениот Б.Х. се товари и за сторено казнено дело „спречување на докажување“.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „ пријавените, на 17.08.2019 година, се сретнале на бензиска пумпа во селото Велешта при што започнале меѓусебна караница и тепачка. По настанот, пријавениот Б.Х. со цел да го прикрие делото, извршил отстранување и сокривање на компјутерскиот хард диск со видео записот од безбедносните камери поставени на бензиската станица“.

 

 

Social profiles