18 охриѓани и 13 стружани „заработиле“ пријави.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година), на подрачјето на СВР Охрид, две лица (Струга-2) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени пријави според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Во истиот период, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-18, Струга-13, Кичево-39, Дебар-09). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19“, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Како што нагласи Димоски, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 189 лица (Охрид-91, Струга-76, Кичево-22). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-39, Струга-60, Кичево-22). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 145 лица (Охрид-26, Струга-62, Кичево-14, Дебар-43). Врз овие лица, извршени се 82 контроли (Охрид-08, Струга-33, Кичево-14, Дебар-27). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 43 контроли врз угостителски и други објекти.
