Полициски „улов“ на мрежи полни со риба

Полициската езерска патрола „уловила“ рибарски мрежи со риби во водите на Охридското езеро.

На 15.03.2019 во периодот од 19.30 до 23.30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба – охридска Белвица. Исто така, на околу 1000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани