Законот за употребата на јазиците, со кој се унапредува користењето на албанскиот јазик помина на вечерашната владина седница, пишува Република.мк.
Како што веќе објави „ТВ 24“ во него ги нема двојазичните банкноти, амблеми на војската ниту двојазичните хартии од вредност. За нив ќе решава венецијанската комисија и доколку добијат зелено светло, во понатамошната фаза ќе бидат вградени.
Сепак, во општините каде што Албанците се над 20 проценти униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик.
И покрај несогласувањата на релација СДСМ – ДУИ, решението ќе биде пуштено цело на венецијанската комисија, Владата се обврзала да ги почитува нејзините препораки. Нешто што Владата го предвиде и во планот 3-6-9.
Законот во Собранието ќе влезе со европско знаменце, нешто за што вечерва се пофали на фејсбук и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Законот за албанскиот јазик е дел од колицискиот договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети.
Денес премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Хазби Лика од Охрид ќе ги соопштат деталите за Законот за јазици.