Нова сезона стари проблеми. Никако да ја научиме лекцијата…. И ова лето повторно лавина поплаки од охридските таксисти.
Еден граѓанин на социјалната мрежа фејсбук пред малку го раскажа своето лошо искуство на автобуската станица во Охрид. Таксистот кој бил од една такси компанија побарал 200 денари за до улица Галичица За појаснување оваа релација во нормални услови по таксиметар со страт 50 ден и километар 30 ден ини 70 денари. Откако потенцијалниот патник изреагирал, таксистот кажал лето е како сите ги поскапуваат цените така и ние.
Вистински срам е тоа што таксистите го уриваат реномето на градот Охрид, но уште посрамно е тоа што нема никакви критериуми, односно секој уличар без трошка образование и култура денес може и работи како таксист, коментираат охриѓани.
Време е надлежните инспектори да ги засукаат ракавите и да го спречат ова несоодветно однесување на дел од такси возачите во главниот туристички центар.
Здружението на хотелиери предложи таксистите да бидат униформирани, да имаат беџови со име и презиме но и ценовник со однапред утврдена цена за да не може секој како ќе му текна да вади цени од џеб.