Во рами на Европската недела на Мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември, најмладите охриѓанчиња згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска “ во понеделник во период од 10 до 11:30 часот ќе продефилираат низ централните охридски улици со соодветни транспаренти во рака и ќе ја пренесат пораката „ Рака за рака“.
Дечињата ќе прошетаат низ улицата „Македонски просветители“и улица „Македонија“ и ќе се вратат повторно во градинката . Во тој период затворени за сообраќај ќе бидат дел од ул. „Македонски Просветители“ од пресек со ул. „ Партизанска “ до пресек со ул. „ Коста Абраш“.