Повреден од сообраќајката кај Стража пренесен на клинички во Скопје

Други четири лица се задржани во кичевската болница.

На 01.08.2019 во 10,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превојот Стража, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А6“ со скопски регистаски ознаки, управувано од М.С.(42) од Студеничани-скопско и патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(19) од селото Вранештица-кичевско.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот од возилото “Фолксфаген Голф“ кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, потоа сопатник од истото возило како и тројца сопатници од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани