Повредена охриѓанка во сообраќајка

Жената е задржана во болницата „Св.Еразмо“.

Вчера во 08:55 часот, на пресекот на улиците „7 ноември“ и „Марко Нестороски“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки „Рено“, управувано од Т.Ј.(54) од Волино, општина Дебарца и „Форд Фокус“, управувано од В.Н.(32), од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.Ј.-сопатнчка во првото возило констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид а увид на местото на сообраќајната незгода, изврши увидна екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани