Пожар однесе човечки живот во Калишта

73 годишникот не успеал да им избега на огнените јазици.

Ноќеска во 02.35 часот во полициска станица Струга било пријавено дека во селото Калишта, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Р.Е.(73) од с.Калишта, при што од пожарот со тешки телесни повреди се здобил Р.Е., кој им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобиле М.Е., Е.Е. и И.Е., сите од с.Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани