Пожар во магацин во Велгошти

Пламените јазици пеплосале дел од магацинот и едно возило.

Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти. Пожарот бил пријавен околу 12:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Охрид, која интервенирала со две возила на лице место, на улицата „Живко Чинго”. Пожарот е изгаснат и спречено е ширење на пламенот на околните објекти. На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани