Според законските прописи, в.д. претседателот нема право да биде кандидат за избор на претседател на Основниот суд Охрид.
Со одлука на Судскиот совет, за вршител на должност претседател на Основниот суд во Охрид е назначен Вулнет Винца, судија кој долги години работи во овој суд. Винца, кој предходно беше судија и во судот во Струга, доаѓа на местото на досегашниот претседател Милчо Клишески.
Инаку, во трката за претседател на Основниот суд Охрид, беа судиите : Весна Кичеец, Васил Баткоски, Владо Дејаноски и Ефтим Попески. Судијата Дејаноски претходно во еден мандат беше претседател на судот а Попески беше раководител на КПУ Затвор Охрид.
