Пожар во струшкиот Центар за култура

За среќа пожарот бил навреме изгаснат.

Пламени јазици ја „обвиткаа“ Национална установа-Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Пожарот се случил ноќеска во 01,40 часот, кога во ОВР Струга пријавен е пожар во Национална установа-Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
По извршен увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, се појавил на помошна влезна врата и истиот е изгаснат со брза интервенција на Територијалната противпожарна едниница од Струга, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани