Објавени се победниците од овогодинешниот „Детски семафор“.
По одржаната сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор“ и по прегледувањето на резултатите од писмениот дел (полагање сообраќајни тестови) и практичниот дел (вешто возење велосипед), комисијата, ги донесе следниве резултати во машка и женска конкуренција за освоени први, втори и трети места поединечно како и пласман-освоени места во групна конкуренција.
Прво место МАШКИ Виктор Јованоски 88 Бод
Второ место МАШКИ Владимир Јованоски 84 Бод
Трето место МАШКИ Давор Петрески 81 Бод
Прво место ЖЕНСКИ Мартина Јосифоска 81 Бод
Второ место ЖЕНСКИ Марија Ѓореска 81 Бод
Трето место ЖЕНСКИ Стефанија Битолкоска 77 Бод
ЕКИПНО
Прво место ОУ. Кочо Рацин 398 Бод
Второ место ОУ. Григор Прличев 295 Бод
Трето место ОУ. Ванчо Николески 221 Бод
М-р Стефан Димоски, претседател на општинскиот Совет за сообраќајна безбедност вели дека датумот на доделувањето на наградите ќе биде дополнително одреден а екипата на школото „Кочо Рацин“ утре заминува на државниот натпревар „Детски семафор“ што ќе се одржи во Скопје.
