„Предание и континуитет 2017“ форум за постмодерната во Струга

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга е домаќин на форумот од областа на културата „Предание и континуитет 2017“.

На форумот се дебатира за теолошко-философските погледи на постмодерната, а учесници се Ристо Солунчев од Философскиот факултет во Скопје, Стефан Санџакоски и Милан Ѓорѓевиќ од Теолошкиот факултет во Скопје и Калистрат Санџакоски – дипломиран теолог од Струга. Учесниците на дебатата ќе се осврнат и на книжевно-поетскиот поглед на постмодерната. На дебатата ќе учествуаваат митрополит американско-канадски Методиј Златанов, писателот и сликар Димитрие Дурацоски, Иван Додовски од Американскиот универзитет во Скопје и писателот од Струга Ненад Јолдески. На утрешната последна дебата, ќе учествуваат Небојша Станковиќ од Принстон универзитет, САД, Димитри Кумбароски од Универзитет Евро-Балкан од Скопје, Игор Котларовски, архитект од Скопје и скулпторот од Битола Владимир Симоновски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани