Преку мобилен побрзо до лични документи

Корисна новина внесува МВР во делот на вадење на личните документи.

Министерството за внатрешни работи од денес започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292.Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.mvr.gov.mk/) и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072929292. Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани