Презентиран концептот овластен оператор

Царинската управа на Македонија ги мотивира компаниите кои работат во меѓународната трговија да се здобијат со концептот на овластен оператор, со кој ќе станат нејзини партнери.

Велат одобрението на деловната заедница ќе и овозможи и приоритетниот третман при преминувањето на границите, скратување на времето на царинските постапки и намалување на контролите.

-„Концептот на овластен оператор станува новина во царинското работење и ние на широко го промовираме и мотивираме фирмите да се здобијат со ова одобрение. Тоа претставува меѓународна признаема марка и тоа значи дека компаниите од РМ во меѓународните синџири ќе бидат признаени како безбедни и сигурни а нивните царински процедури усогласени и ефективни“, истакна Гоко Танасоски директор на Царинската управа на Р Македонија. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани