Штетите од поплавите во Охрид пред советниците

На седумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид градските советници ќе одлучуваат за штетите од поплавите во Охрид. 

Ќе гласаат за  усвојување на елаборатот за проценка на штети од поплави со силен ветар-луња и обилни врнежи од дожд и поплава од дејство на внатрешни води- во општина Охрид на ден 17.03.2018 година.

Меѓу другото пред советниците ќе биде презентирана информација за степенот на задоволство на граѓаните од услугите на локалната самоуправа, во општините вклучени во Проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Советниците ќе раправаат за вкупно 64 точки. Целиот дневен ред тука

 

Седницата ќе се одржи на  30.10.2018 година (вторник) со почеток во 11.00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани