Познатата козметичка линија “Sixth Sense” , која се произведува исклучиво од природни органски растителни состојки, конечно во продажба и во Охрид.
Реномираната парфимерија „Пиен“ (спроти судот во Охрид) од неодамна започна со продажба на најбараната и најдобрата козметика од домашно призводство.
„Инспирирани од природата наши главни адути се: врвен квалитет, традиција и екологија. Природна козметика за природна убавина“, е мотото на козметиката со традиција од 40 години која се наследува од колено на колено.
Зад природната козметика “Sixth Sense” стои Филимена Божиновска која традиционално, од колено на колено влече корени во нејзиното семејство многу одамна. Драгоценото наследство од својата баба, г-ѓа Филимена Лазаревска, потоа нејзината мајка Јагода Лазареска за денес Филимена Божиновска семејната традиција да ја гпреточи во органска козметика па благодарение на тоа, сите да имаме пристап до природната козметика и нејзините неверојатни бенефици врз нашата кожа.
-„Природната козметика ја изработуваме исклучиво од природни суровини а тоа се суровини кои се добиваат готови од природата и пред употреба не им се врши никаква хемиска промена само се обработуваат со физички методи (чистење, мелење, ситнење и сл.), но при тоа нивната хемиска стуктура останува непроменета. Во нашата козметика применуваме суровини од растително, животинско и минерално потекло, каде што во најголем процент се застапени суровини од растително потекло. Активните растителни состојки и првокласните растителни масла ѝ даваат на вашата кожа сè што ѝ е потребно за да ја одржи својата природна свежина, здравје и убав изглед“, вели сопственичката на “Sixth Sense”.
SIXTH SENSE ПРИРОДНО ВИСОКО КВАЛИТЕТНИТЕ ПРОИЗВОДИ НЕ СОДРЖАТ ПАРАБЕНИ, БОИ, СИНТЕТСКИ ПАРФЕМИ, СУЛФАТИ, ГЛУТЕН, ПАРАФИНИ,СИЛИКОНИ.
Во парфимерија „Пиен“ може да се најдат четирите типови , најбараните креми за нега на кожата.
– крема против стареење и брчки
– крема против стрии
-крема за избелување (против флеки)
– крема за сува и нирмална кожа
Крема против стрии
Крема против стрии е крема за навлажнување на кожата која содржи органски масла и витамини кои помагаат во намалувањето и исчезнувањето на стриите од бременоста, исто така стари или нови лузни. Оваа крема ја подобрува еластичноста на кожата и превенира во појавата на стриите. Природниот состав од токоферол и антиоксидантското дејство на витаминскиот состав од витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6 и Д-пантенол помага вo намалување и отстранување на стриите предизвикани од бременост , доење, oбесивност, диети и сува кожа. Производот содржи исклучиво природни состојки.
Стриите настануваат под влијание на различни околности. Нивната појава може да се должи на физичкото растегнување на кожата (бодибилдинг, бременост, дебелеење, брзо растење и развивање во пубертетот) и хормоналните промени во телото (бременост, пубертет). Сепак, има жени кои не спаѓаат во овие групи, а повторно се засегнати од стриите.
SIXTH SENSE луксузната крема против стрии видно ќе ги намали и отстрани стриите. Kремата против стрии содржи органски масла и витамини кои ја подобруваат еластичноста на кожата и превенираат во појавата на стриите. Производот содржи исклучиво природни состојки.
Крема против стареење и брчки
Кремата против стареење и брчки содржи Ретинол кој може да помогне во зголемување на влажноста на кожата, а во исто време го ревитализира надворешниот слој на кожата, за да изгледа и се чувствува помека и помазна. Природната и хранлива формула е подготвена да и помогне и да ја заштити кожата, како и да ги намали брчките. Оваа крема помага во борбата против знаците на стареење на кожата со видливо намалување на појавата на брчките и помага да се зголеми цврстината на кожата.
Со оваа крема од природни органски состојки ќе се подмладите, ќе исчезнат брчките од Вашето лице.
Крема за избелување -протви флеки
Лицето е најчувствителната зона на телото и сончевата емисија на честички може да има фатални последици кои можат да предизвикаат и трајни оштетувања на кожата, како што е случајот со создавање на флеки, а тоа секако не сакаме да се случи.
Во последно време билките добиваат на значење како активни состојки за козметичките формулации, што се должи на нивните кожно заштитни ефекти против штетните материи од ендогени и егзогени извори.
Класичните избелувачи на кожата, како хидрохинон, којик ацид или живини состојки може да дејствуваат како карценогени или да имаат други штетни ефекти, па во многу случаи тие се ограничени на некои пазари или пак се сосема забранети.
SIXTH SENSE кремата за избелување е базирана на природни растителни масла и растителни синергетски активни состојки, постигнува одлично избелување, осветлување и регенерација.
Дневна крема за нормална и сува кожа
Дневената крема за нормална и сува кожа е збогатена со природни состојки кои се од витално значење за здравата кожа, како што се бадемово масло, маслиново масло, невеново масло, сончогледово масло, алантоин, витамини и 5% уреа за измазнување на сувите делови. Оваа уникатна комбинација од природни состојки брзо ги враќа природните нивоа на влажност на кожата и дава помазна и посјајна кожа. Дневната крема за нормална и сува кожа ја храни кожата и дава свилена мекост, совршена влажност и го намалува ризикот од алергиски реакции.
40 годишната традиција од тајните природни рецепти, пренесувани од колено на колено, конечно достапни за сите. Започнува комерцијална продажба за прв пат во Охрид.
Побарајте ги кремите во парфимерија „Пиен“